Search

Натпревар за енергетска ефикаснот и обновливи извори на енергија

Со искористување на обновливите извори на енергија (сончева енергија, хидроенергија, ветерна енергија и биомаса) за производство на електрична енергија се добива еколошки чиста енергија, а со тоа и почиста животна средина. Неспорно е дека е потребно развивање на свеста за нивна примена од најрана возраст, како и разбирање на потребата дека на долгорочен рок, се добиваат големи придобивки од еколошки, социјален и економски поглед.

Во таа насока, Здружението на граѓани Еко Логик, во рамки на програмата Вело Училишта, отвора меѓуучилишен натпревар за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Целта на натпреварот е да предизвика интерес за активности за сочувување на природата и преземање на акции, односно едукативната компонента е насочена кон енергетска ефикасност, здрави навики, забава во природа и во домот, како и да го поттикне натпреварувачкиот дух на учениците и самите училишта.

Платформа за реализација: Натпреварот ќе биде реализиран преку дигитална игра “Еко Маало“, која е достапна на платформа “Тabletopia“ и може да се игра преку мобилен телефон или компјутер.

Право на учество имаат ученици од 7мо/8мо и 9то одделение.

Начин на регистрацијa: Принципот ќе се заснова на прв дојден, прв услужен, меѓутоа треба да бидат задржани следните критериуми:

Училиштата е потребно да номинираат 4 учесници кои имаат познавања и интерес за темите кои ќе се обработуваат. Номинацијата може да ја направат по реализиран интерен натпревар во самото училиште на зададената тема физички или онлајн. Тој интерен натпревар е потребно да биде реализиран во периодот додека трае овој повик (30.10.2020). На следниот линк ја споделуваме содржината од самата игра која може да биде ваша водилка:

https://drive.google.com/drive/folders/17yiLZlKMuh07yq-DdgknlZ-F5iyExiCj?usp=sharing

– Screenshot каде што има приказ дека номинираните учесници се подготвени, односно имаат основни дигитални вештини за да ја играат дигиталната игра Еко Маало ( приказ од самата игра, практично играње и сл.)

Да се испрати пополнета согласност од родителите дека нивните деца можат да учествуваат во онлјан натпреварите. Согласностите може да се пратат во скенирана форма или како фотографија (jpg формат)

Линк за пријавување:

https://forms.gle/gB23VovkaHWHbB4q9

Нецелосни пријави нема да бидат земени во предвид

*На овој линк е потребно да биде пријавен само оној ученик кој ќе биде победник од меѓусебните интерни натпревари во училиштата.

 Правила на играње

Од четирите ученици кои се номинирани од своето училиште, тој што ќе биде победник во интерниот меѓусебен натпревар, понатаму продолжува во онлајн натпревар со други ученици кои ќе бидат претставници на своите училишта. За секое посебно коло на онлајн натпревар ќе има претставник од организацијата Еко Логик кој ќе го води и менторира самото натпреварување, а претходно учесниците ќе бидат контактирани преку нивниот наставник/ментор. Доколку по еден час (60мин) игра, нема победници, играчот со најмногу поени во моментот ја освојува предметната игра. Распределбата на учениците помеѓу натпреварите од првиот круг би можела да се направи или случајно или по редослед на влез во натпреварот. Победниците од тоа коло ќе учествуваат во понатамошните кола кои зависат од бројот на пријавени училишта односно ученици, каде победниците ќе играат во финалето (за прво и второ место), а играчите со втор највисок резултат ќе играат во натпревар за третото место.

 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави