Search

Натокмен четвртиот пакет економски мерки од 350 милиони евра

Владата утре треба да го усвои четвртиот пакет на економски мерки вреден 350 милиони евра. Пакетот е обемен, и во него се опфатени компаниите на кои им е неопходна поддршка за нивни опстанок во време на корона кризата, задржување на работните места на работниците а вклучува и помош за најпогодените сектори и категории на граѓани соопшти во изјава за ТВ 24 потпретседателот на владата Фатмир Бетиќи.

Со новите мерки повторно ќе има платежни картечки, ќе бидат опфатени и пенизонери со пониски пензии, ќе има евтини кредити за фирмите но и државни гаранции , даночни ослободување и субвенции за плати на вработени од фирми кои се најпогодени од корна кризата.

Целиот пакет беше презентиран и пред бизнисот и пред науката – на Економско Социјалниот Совет. Дел од прествниците на приватниот скетор објавија  дека биле на консулатции и ги поздравија мерките. Опоизоцијата сепак останува на ставот дека четвртиот пакет мерки кој се носи три месеци по изборите – е задоцнет.

264 милиони евра од новиот финаиски пакет ќе се обезбедат како директни средства од буџетот, додека 85 милиони се преку кредитни линии. Преку  досегашните мерки за справување со кризата –  дел од граѓаните добија директна финансиска помош преку картички, во таа група беа и средношколците, загрозените фирми добиваа субенции и имаа право на пристапни кредити. Во новиот пакет – бизнисот бараше вклученост со точно прецизирање на мерките за приватниот скетор.

Треба да знаете
Последни објави