Search

Натали Ноел е ново лице на „Спортс илустрејтед”

Натали Маридуена, со уметничко име Натали Ноел е инстаграм-ѕвезда која стигна до насловната страница и рубриката „Костим за капење” на списанието „Спортс илустрејтед”, како дебитантка.

Досега можеби најпозната како помошничка на „инфлуенсерот” Дејвид Добрик, Натали на Инстаграм се пофали со новиот моден ангажман, коментирајќи дека „сѐ уште е во шок”.

Рубриката „Костим за капење” на уредникот Ем-Џеј Деј, е позната по тоа што тежнее да ја прикаже убавината на женското тело, во смисла – облик, големина, потекло, возраст.

– Таа ја препознава важноста за промени во модната индустријата, па користејќи ги следачите и својата препознатливост, им помага на другите, изјави Деј.

Треба да знаете
Последни објави