Search

Народот не е виновен за неспобноста на Владата и Филипче во справување со пандемијата

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

„Повеќе од очигледно е дека владата и министерот за здравство, Венко Филипче не се способни да се снајдат во целата ситуација со корона вирусот, а за тоа говори и бројката на заразени и починати во земјата. Од почетокот на пандемијата до сега има околу 26.000 лица кои се заразиле и околу 900 починати.

Наместо да бараат одговорност и вината да ја бараат во граѓаните, владата и Филипче да се фатат за работа и да изготват стратегија како да се надмине целата оваа ситуација со корона вирусот. Од почетокот на пандемијата до сега немаат ниту една добра мерка донесено која вродила со некаков плод.

Поради погрешните политики на Филипче и Комисијата за заразни болести во Македонија нема прекин во пандемијата односно поради нив пандемија е во континуитет.

Заради нивната неспособност и капацитетите на сите болници во државата се исполнети, а Филипче не му е гајле за тоа.

Но, за сето ова ќе следи одговорност од Филипче. Затоа најдобро што може да направи тој е да си поднесе оставка.“

Треба да знаете
Последни објави