Search

Направи сам: Природно средство против влага

Кога еднаш ќе се појави влага во домот, особено ако станува збор за влажно опкружување како бањата, многу е тешко да се искорени. А, тоа воопшто не е добро бидејќи може да предизвика здравствени проблеми.

 

Влагата е многу честа, но непријатна појава во домот. Иако постојат различни средства за средување на овој проблем, може да се обидете и со овој домашен рецепт ефикасен за нејзино искоренување.

Еве што е потребно:

 шолја дестилирана вода

– шолја вотка или ракија

 10 капки етерично масло од чајно дрво

– 10 капки етерично масло од еукалиптус

 10 капки етерично масло од лаванда

Измешајте ги сите состојки и ставете ја смесата во шишенце со механизам за шприцање и добро напрскајте го местото зафатено со мувла.

Треба да знаете
Последни објави