Search

Наполи ја збриша Сампдорија среде Џенова и остана единствен со сите победи

Екипата на Наполи за која настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, се наоѓа во фантастична форма на стартот од сезоната и по пет кола има максимален учинок.

Последна жртва на Наполи е Сампдорија која пред своите гледачи е совладана со убедливи 0:4.
Резултатот го отвори Виктор Осимен уште во 10 минута, а до крајот на првото полувреме, Наполи со благодарение на голот на Руиз во 39 минута поведе со 0:2.

И во второто полувреме, лидерот на табелата постигна два гола, првиот преку Осимен, додека конечниот резултат го постави Зјелински во 59 минута.

Треба да знаете
Последни објави