Search

Напаѓачот од Крајстчрч пукал и од својот автомобил, покажуваат снимките

Снимките на безбедносните камери добиени од сопствениците на еден хотел на авенијата „Динс“ во Крајстчрч покажуваат дека напаѓачот кој во петокот уби 50 луѓе, застанал со својот автомобил и од него пукал кон пешаците што се движеле кон една од џамиите каде што се случи нападот.

Сопствениците на хотелот изјавија за „Си-Ен-Ен“ дека ја предале снимката од безбедносните камери на полицијата, која одби да коментира поради тоа што истрагата е се уште во тек.

Од снимката се гледа дека околу 13:46, напаѓчот застанал со својот автомобил „Субару Аутбек“ на паркингот пред хотелот, свирнал двапати со цел да го привлече вниманието на еден од пешаците, по што почнал да пука кон него.

Веднаш потоа, напаѓачот заминал кон џамијата „Линвуд Масџид“.

Снимката исто така го потврдува тврдењето на полицискиот комесар дека полицијата била на местото на злосторот во рок од шест минути од првиот повик.

Треба да знаете
Последни објави