Search

Нападнат возач на ЈСП во Глумово, скршил ретровизор на „голф“

Возач на автобус на ЈСП скршил ретровизор на автомобил, а кога му рекол на сопственикот бил физички нападнат, информираше МВР.

-На 13.08.2019 во 9.10 часот во СВР Скопје, В.С.(56) од с.Сопиште, вработен како возач на автобус во ЈСП, пријавил дека на 11.08.2019  година околу 18,10 часот, додека се движел со автобус на ЈСП на релацијата Центар – Долна Матка, во село Глумово скршил ретровизор од паркиран автомобил ,,голф’’. Потоа В.С. продолжил кон Долна Матка и на враќање од селото кон Центар, кога стигнал кај возилото таму бил сопственикот Б.С(37) од Глумово. Возачот застанал за да му каже дека тој го скршил ретровизорот, но Б.С. физички го нападнал. Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од ЗППЈРМ, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави