Search

Намирници во кои има „скриени“ шеќери

Се трудите да се храните здраво и одбегнувате големи количини на масти и шеќери, па внимавате што јадете.

Иако сметаме дека ја знаеме нутритивната вредност на намирниците што ги јадеме, некои од нив содржат шеќери, а ние не сме свесни за тоа, бидејќи се водат како „здрава храна“.

Тоа не значи дека овие намирници не се здрави, туку дека едноставно содржат шеќер, а ако сакаме да го намалиме или исклучиме шеќерот од нашата исхрана, треба да внимаваме.

Нутриционистка вели дека човекот нема никакво биолошко оправдување што внесува толку многу шеќери во организмот. Просечниот човек не би требало да внесува повеќе од еквивалент на седум кафени лажички шеќер дневно, а повеќето од нас внесуваат двојно повеќе.

Овие намирници содржат шеќери, иако не изгледа така:

Преливи за салати

Ако мислите дека со јадењето салати се храните здраво, помислете два пати со што ги зачинувате. Готовите преливи за салати содржат шеќери, како и многу конзерванси, па затоа зачинувајте ги салатите со домашно подготвени преливи од маслиново масло, сок од лимон и зачини.

Јогурт

Некои производители додаваат индустриски шеќери во овој млечен производ што инаку е многу здрав и помага за правилна работа на дигестивниот систем. Дури и немасниот јогурт може да содржи 17 до 33 грама шеќер во 1 литар, што е еднакво на една чашка сладолед од чоколада.

Путер од кикирики

Повторно станува збор за разлики од еден до друг производител, но внимателно читајте го составот, бидејќи во многу брендови путер од кикирики има шеќери.

Овесни снегулки

Овесните снегулки се одличен извор на растителни влакна, но кога бирате бренд со вкусови, најчесто имаат 10 до 15 грама шеќери во едно пакување, а неретко и вештачки бои и ароми.

Кечап

Една лажица индустриски произведен кечап содржи околу 4 грама шеќери.

Треба да знаете
Последни објави