Search

Наместо одговори, Мицкоски се крие зад партиски соопштенија, разликата меѓу СДСМ и него и ВМРО-ДПМНЕ е 9 години

Има огромна разлика меѓу  СДСМ и режимските остатоци во ВМРО-ДПМНЕ.
Ние, денеска излеговме и јавно ги презентиравме договорите за консултантски услуги при тендери договорени со кланот Мицкоски за потребите на државната компанија ЕЛЕМ, а затскриени зад Машинскиот Факултет.
Непотизмот е главната водилка на Кланот Мицкоски и неговата партија, која продолжува и овој пат со носителката во ИЕ 1, Гордана Силјановска,
Наместо одговор, Мицкоски се крие зад истрошени и рециклирани партиски соопштенија.
Проектот Гасификација на Струмица за кој не престануваат да зборуваат е реализиран во 2011 година, а Мицкоски го нуди во програмата на ВМРО-ДПМНЕ во 2020 година на страница 155 бидејќи, очигледно му се допаднал и го ископирал во целост, но доцни цели 9години!
Ете толку е голема предноста на СДСМ – 9 години е пред Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Препорака за фирмата на Хидро Мицкоски, го охрабруваме да се пријават на тендерот за достава  на природен гас и да понудат поевтина цена на природен гас. Транспарентно на јавен оглас и со негативна аукција.
Дотогаш ние ќе реализираме проекти и граѓаните на Струмица и цела држава ќе имаат опција да користат природен гас.
На крајот, факт е дека Мицкоски кој секојдневно зборува дека политичарите требало да бидат транспарентни, кој повикува на проверка на имот, упорно одбегнува да ја соопшти на јавноста неговата имотна состојба, што има, што поседува, со каков имот располага, во државава и надвор од неа? Што крие Мицкоски?!
Треба да знаете
Последни објави