Search

Намален превозот на патници особено во меѓународниот сообраќај

Вкупниот број патници во патничкиот патен превоз во првото тримесечје од 2020 година изнесува 16.492.000 што во однос на истиот период лани е намалување за 17 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 16,9 отсто, во приградскиот превоз за 16,3, во меѓуградскиот превоз за 19,6, а во меѓународниот превоз за 33,2 отсто.

Според статистиката, во првото тримесечје од 2020 година, во однос на истиот период од 2019 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 25,7 проценти. Бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 4,1 отсто, во приградскиот за 40,8, во меѓуградскиот за 20,1 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 30,5 проценти.

Треба да знаете
Последни објави