Search

Намален водостојот на дел од реките

Пониско ниво во однос на просекот на јуни е регистрирано на реките Вардар кај Јегуновце и кај Лепенец, како и на Бабуна кај Богомила, Пчиња кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка, Струмица кај Ново Село и Брегалница кај Штип.

Повисок водостој има Вардар кај Железнички мост Скопје и кај Демир Капија и Црна Река кај Новаци, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Нивото на Дојранското Езеро е 10 сантиметри под дозволениот максимален водостој. 

Треба да знаете
Последни објави