Search

Намалена продажбата на свинско во делчевските месари

Бугарските потрошувачи се помалку купуваат свинско месо од  делчевските месарници поради неможноста да го внесат во нивната земја. Контролата на граничниот премин е зајакната, а утрово поради прцедурите, имало задржувања и до 1,5 час.

– Порано, пред да се појави свинската чума, најредовните муштерии ни беа од Бугарија. Самите велат дека на граница имаат проблеми за внес и затоа овде почесто го консумираат месото одошто го купуваат, вели Страшо Ангеловски, месар од Делчево.

Зголемените контроли за внес на свинско месо на граничниот премин „Станке Лисичково” го забавија сообраќајот на граничниот премин кај Делчево.

-Во Бугарија има епидемија на свинска чума и затоа лицата задолжени за преглед не прашуваа дали внесуваме месо. Поради присуството на товарни возила постапката траеше подолго и задржувањето како што ни објаснија бугарските граничари трае подолго од вообичаената постапка, рече еден од возачите.
Треба да знаете
Последни објави