Search

Намалена видливост поради магла во Маврово и на Стража

Патниот правец Виница – Берово, пред село Смојмирово кој беше блокиран во двата правци, поради сообраќајна незгода, е нормализиран, информира АМСМ. Патниот правец Ново Село – граничен премин Ново Село е пуштен за сообраќај и за камиони. Од синоќа патот беше во прекин поради сообраќајна незгода.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во Маврово и на Стража.

Виадукт Трејд известуваат дека на ден 06.02.2019-среда и 07.02.2019-четврток ќе се започне со изведување на градежни активности на Експресен пат А3 , делница Велес-Кадрифаково(во близина на раскрсница Овче Поле) за што ќе се изврши промена на режимиот на работа на сообраќај согласно Одобрението за времен режим на сообраќај и согласно Основен сообраќаен проект за режимот на сообраќај за време на поставување на индукативни јамки на дел од државни патишта на територија на Република Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Треба да знаете
Последни објави