Search

Надал и Барти без проблеми до трето коло на Австралија опен

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал без поголеми проблеми се пласираше во второто коло на Австралија Опен.

Надал во второт около од првиот гренслем играше против германскиот тенисер Јаник Ханфман и лесно славеше со 3:0 во сетови. Првиот сет траеше 48 минути и веќе беше јасно дека Ханфман тешко ќе успее нешто да направи во овој меч. Надал одлично влезе во мечот и првиот сет го доби со 6:2.

Шпанецот со добрата игра продолжи и во вториот сет и изгледаше како да игра со половина сила. Ханфман имаше нешто посилен отпор во вториот сет, но на крајот и тој сет го освои Надал со 6:3. Третиот сет се играше еден час и на крајот Надал успеа да го добие со 6:4.

По тешка борба во пет сета пласман во третото коло обезбеди и Канаѓанецот, Денис Шаповалов кој беше подобар од Кореецот Сонво Квон со 3-2 (7-6, 6-7, 7-6, 5-7 и 2-6). Пласман во третото коло обезбедија и Италијанецот, Матео Беретини, како и Србинот Миомир Кецмановиќ кој најдобро го искористи тоа што Новак Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија.

Кај дамите Ешли Барти продолжува да гази откако во првото коло дозволи само еден гем на Украинката Цуренко, денеска на Италијанката, Бронзети и дозволи само еден повеќе (6-1, 6-1). Пласман во третата рунда обезбедија и Азаренка, Свитолина, Бадоса и Киз.

Треба да знаете
Последни објави