Search

Надал го совлада Делбонис и се пласира во третото коло на Австралија опен

Првиот светски тениски рекет Рафаел Надал денеска го совлада Аргентинецот Федерико Делбонис со 3-0, по сетови 6:3, 7:6 и 6:1 и се пласира во третото коло на гренд-слемот Австралија опен.

Мечот траеше два часа и 30 минути. Во следното коло ривал на Шпанецот ќе биде неговиот сонародник Пабло Карено Буста.

Вкупниот награден фонд на првиот од четирите сезонски гренд-слем турнири што се играат во текот на годината изнесува 49,1 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави