Search

Надал без проблеми мина во третото коло на Ролан Гарос

Рафаел Надал очекувано се пласираше во третото коло на тенискиот гренд слем „Ролан Гарос“, турнир на кој Шпанецот има неверојатни 13 титули.

Вечерва Надал на париската црвеница без проблеми го победи Французинот Корентен Муте (139-ти на АТП листата) со 3-0 во сетови, загуби само 8 гејма, но одигра далеку под своите можности.

Ова е 300-та победа на  тениските гренд-слем турнири за Надал. На „Ролан Гарос“, билансот му е 107 победи и 3 порази.

Следен противник на Надал е Холанѓанецот Ботик Ван де Зандсхулп.

Треба да знаете
Последни објави