Search

Наградата „Меркјури“ доделена на Мајкл Киванука

Пејачот текстописец Мајкл Киванука е добитник на наградата „Меркјури“ 2020, една од најпрестижните британски музички награди, за неговиот албум „Киванука“.

Извонреден албум на политизирана душа, коментира „Би-би-си мјузик“ и додава дека ѕвездата истражува теми на самодоверба, вера и граѓански права.

Објавен во ноември минатата година, „Киванука“ ги победи најпродаваните Future Nostalgia на Дуа Липа и Heavy Is The Head на Стормзи, освојувајќи ја наградата од 25.000 фунти.

„Музика е сè што некогаш сум сакал да направам, па затоа сум над месечината. Бев уверен дека ако не освојам награда оваа година, веројатно никогаш нема да освојам“, изјави тој за „Би-би-си 6 мјузик“.

Треба да знаете
Последни објави