Search

Навратилова: Ѓоковиќ треба да признае дека направи грешка и да си оди дома

И понатаму не е чиста ситуацијата со Новак Ѓоковиќ во однос на тоа дали ќе остане во Австралија и ќе ја брани титулата во Мелбурн.

Неговата желба е да остане и да се бори на турнирот кој е меѓу неговите најомилени, ама доста зависи од австралиските власти и министерот за имиграција Алекс Хок кој сè уште ја разгледува одлуката за статусот на визата на најдобриот светски рекет.

Во меѓувреме продолжува да се коментира целата оваа ситуација, па својот став го искажа Мартина Навратилова која за многумина е најдобрата тенисерка на сите времиња. Навратилова често застанува зад Ѓоковиќ и го брани, меѓутоа сега не е на негова страна.

-Можеби тоа не е нешто што тој сака да го прави, но бројките се неверојатни во прилог на тоа дека треба да се вакцинира за да сите се решиме од од оваа ужасна инфекција со Ковид која го погодува целиот свет. Затоа тоа проголтај го, за доброто на тимот и сите луѓе. Ова се случува во Австралија каде што имаше најголем „локдаун“. Мелбурн беше најголемиот град под клуч. Сакам да зборувам за тенисот, не само за ова. Австралијците се во ова година и пол, -вели Мартина и додава:

-Најдобро би било Новак да си каже – Добро, направив грешки, тоа не е добро, јас сум единствениот невакциниран што треба да игра на Австралија опен. Сите останати невакцинирани лица се вратени дома. Вистинската работа би била тој да се врати дома. И ако го направи тоа, повеќе нема да создава тензии околу тоа, мислам дека тоа е правилно, ама нема тоа да го направи,- заклучи Навратилова.

Треба да знаете
Последни објави