Search

Мej и Јункер утре на средба во Брисел

Британската премиерка, Тереза Меј утре веечр во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Двајцата ќе се состанат во рамки на разговорите за излегувањето на Велика Британија од европското семејство.

Пред околу една недела влада на британската премиерка го разгледа и го поддржа нацрт-договорот на ЕУ за брегзит.

Велика Британија треба да ја напушти официјално Европската Унија на 29 март 2019 година. Меј, пред неколку дена изјави дека по излезот, Британија ќе ја преземе контролата над границите, законите и финансиските средства, а ќе понуди и поголема заштита врз бизнисите и работните места.

Џереми Корбин, пак, вели дека Британија ќе биде заглавена во бесконечност во куќа во која ќе нема право на збор.

Лидерот на лабуристите вели дека Меј креира лажен избор пред парламентот.

Но, Меј вели дека целта на лабуристите е да го попречат процесот за брегзит и да го згазат гласот на народот.

Треба да знаете
Последни објави