Search

Мухамед Зеќири позитивен на Ковид-19

Поранешниот пратеник на СДСМ Мухамед Зекири, неговата сопруга и ќерка се позитивни на Ковид-19. Оваа вест ја напиша Зекири на својот Фејсбук профил

Поранешниот пратеник на СДСМ Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечна ќерка се позитивни на Ковид-19. Оваа вест ја напиша Зекири на својот Фејсбук профил. Тој воедно апелира до сите граѓани и познаници да не го потценуваат вирусот и да бидат максимално внимателни.

https://www.facebook.com/muhamed.zekiri/posts/10160241538039466

Драги пријатели, И покрај строго почитување на мерките и минималните контакти со луѓето, сакам да ве известам дека јас заедно со сопругата и мојата ќерка сме позитивни на тестирањето за КОВИД 19. За среќа немам никаков симптом, но резултирав позитивно.
Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценуваат вирусот и можноста од зараза и да бидат максимално внимателни. Ако вие или вашите блиски забележите најмал симптом, консултирајте се со матичните лекари и не одбивајте да се тестирате. Изразувам жалење и се извинувам ако несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција, напиша Зекири.

Треба да знаете
Последни објави