Search

Муслиманските здруженија на Шри Ланка ги осудија нападите на Велигден

Муслиманските групи од цивилното општество на Шри Ланка ги повикаа денеска властите веднаш да ги уапсат и казнат извршителите на бомбашките напади во неделата, во кои се убиени над 350 луѓе.

Во заедничкото соопштение се истакнува дека муслиманството не значи екстремизам во име на исламот. Тие потенцираат дека ниту Нешенал Тохид Џамат, ниту оние кои го извеле нападот не го застапуваат исламот и не се одраз на муслиманската вера. Во соопштението се истакнува дека тие го злоупотребуваат исламот со цел промовирање на сопствените радикални и анти-исламски цели.

Треба да знаете
Последни објави