Search

Мурињо ги коментираше гласините за Њукасл

Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо, со скептицизам гледа на клубовите кои се борат за место во средината на табелата во Премеир лигата. Претходно беше објавено дека Мурињо е еден од кандидатите за функцијата тренер во Њукасл., откако место остана испразнето по заминувањето на Рафаел Бенитез.

– Мојата задача е секогаш да играм за да победам. Не сакам ако е поинаку. Кога тимот губи, тоа е проблем за мене. Се разбира, ова е проблем за играчите, клубот … Би сакал да работам во проект каде што ќе има чувство дека играме за да победиме. Да, можете да ми понудите договор за 10 години и да ја поставите задачата да го освоиме седмото или осмото место, но ова не е за мене. Мојата цел е да се борам за врвот, изјави Мурињо во интервјуто за „Гласот на тренерот”.

Педесет и шест годишниот Мурињо е без тренерски ангажман од декември минатата година кога доби отказ од Манчестер јунајтед. Претходно работеше во Челзи, Реал Мадрид, Интер, Порто, Леира и Бенфика.

Треба да знаете
Последни објави