Search

Музичката индустрија во Британија бележи напредок во однос на диверзитетот

Има значително зголемување на бројот на црнци, азијати и припадници на етнички малцинства во музичката индустрија од 2016 година, наведено е во новиот извештај на UK Music, пренесува Би-би-си.

Процентот на вработени од етничките малцинства се зголемил од 15.6% во 2016 година на 22.3% оваа година, според извештајот.

UK Music („Ју-кеј мјузик“) е британска организација која ги претставува колективните интереси на продукциската страна на комерцијалната музичка индустрија во Велика Британија: уметници, музичари, текстописци, композитори, издавачки куќи итн.

Во извештајот е забележано дека застапеноста е полоша на работни места со повисоки плати.

Меѓу оние кои заработуваат повеќе од 100.000 фунти годишно, само 27% биле жени, а 12.2% не биле бели. На ниско платени работни места – каде што платите се помалку од 15.000 фунти – бројките беа 59.4% и 33.6%.

Генерално, застапеноста на жените била 49.6% во 2020 година – приближно иста како во 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави