Search

Музејот во Аушвиц го предупреди Џеф Безос да повлече антисемитска книга за деца од „Амазон“

Американскиот милијардер Џеф Безос, сопственик на „Амазон“ е предупреден од музејот во Аушвиц, од својата платформа да ја повлече антисемитската книга за деца со содржина од нацистичката ера.

Антисемитската книга „Отровна печурка“ ја напишал нацистот Јулијус Штрајхер, кој бил егзекутиран поради злосторства против човештвото. Бил висок нацистички функционер кој по Втората светска војна во Нирнберг бил осуден на смрт и обесен. Книгата е првпат издадена во 1938 година.

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

Како што се наведува, покрај британскиот сајт, книги од автор како Јулијус Штрајхер може да се најдат и на американската и германската верзија на сајтот.

Книгата на „Амазон“ е достапна во оригинална германска верзија, како и на англиски, француски и шпански јазик.

Треба да знаете
Последни објави