Search

Муарем Муарем се врати во Работнички

Работнички го доведе првото засилување за следната натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига. Старо-нов член на „романтичарите” е Муарем Муарем.

– Офанзивниот фудбалер за врска потпиша едногодишен договор со Работнички и се враќа во клубот во кој ја почна професионалната кариера (2008-2010), а настапуваше и во сезоната 2010/11. Тој сигурно ќе биде големо засилување за составот на Ратко Достаниќ, со оглед дека има репрезентативно искуство и неколкугодишна интернационална кариера, соопшти Работнички преку клупската веб-страница.

Муарем Муарем во македонското првенство настапуваше за Работнички, Тетекс и за Шкупи, а интернационалната кариера ја градеше во Турција (Ордуспор, Ескишехирспор), Азербејџан (Карабах), Казахстан (Актобе) и во Албанија (Фљамуртари).

Муарем Муарем ќе се приклучи на тренинзите на тимот по 23 јули, кога ќе истече неговата суспензија откако имаше позитивен допинг тест пред две години.

Треба да знаете
Последни објави