Search

Мојсовски од Битола: За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ денес во спортот се вложуваат до 20 пати повеќе средства за спортистите, спортските клубови и спортските работници

2015 и 2016 од страна на ВМРО-ДПМНЕ во спортот беа вложени само 60 милиони денари. Откако СДСМ дојде на власт, само во 2017 за спорт одвои 174 милиони денари, во 2018 се вложија 234 милиони, а во 2019 година се 244 милиони денари завршуваат директно во спортот, истакна претседателот на Комисијата за спорт на СДСМ, Наумче Мојсовски пред огромниот број присутни битолчани и битолчанки.

Мојсовски се осврна и на вложувањето во колективните спортови, потенцирајќи го огромниот контраст од негрижа на ВМРО-ДПМНЕ и грижа за спортот од страна на СДСМ.

Во 2015 и 2016 година, што мене најмногу ме боли бидејќи доаѓам од ракометот, беа обезбедени само 177 илјади евра, а во 2019 година се обезбедени 1.135.000 евра и дури 10 пати повеќе. Во кошарката за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беа обезбедени 46 илјади евра, а денес обезбедени 831 илјада евра. Во одбојката во 2015 и 2016 биле вложени само 53 илјади евра, а денес 543 илјади евра, е затоа почитувани граѓани на Битола има разлика, затоа со СДСМ спортот се враќа на прав пат, потенцираше Мојсовски.

Треба да знаете
Последни објави