Search

Мотоциклист се забил во бандера, повредена и сопатничката

Мотоциклист бил тешко повреден, а сопатничката полесно, откако со моторот на кој се возеле се забиле во бандера, вчера попладнето во Скопје.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 17 часот на улицата Нов живот во Шуто Оризари.  Мотоцикл „кавасаки” со скопски регистарски ознаки, управуван од З.И.(43) од Скопје, излетал од патот и удрил во бандера.

Со тешки повреди се здобил возачот, кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември”, каде му била укажана помош.

Сопатничката С.И.(34) од Скопје се здобила со телесни повреди и по укажанат помош во комплексот клиники „Мајка Тереза” била пуштена на домашно лекување. Извршен бил увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави