Search

Мотициклист тешко повреден во Прилеп

Мотоциклист бил тешко повреден при судир со автомобил, вчера во Прилеп.

Според полицијата, сообраќајна несреќа се случила во 18.55 часот на улицата Пере Тошев во Прилеп.

Автомобил „форд фокус“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.С.(33) од Прилеп се судрил со мотоцикл „херк“ со прилепски регистарски таблици управуван од П.Б.(53) од Прилеп.

Мотоциклистот П.Б. се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од екипа од ПС Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави