Search

Московскиот суд осуди Норвежанец на 14 години затвор за шпионажа против Русија

Московскиот градски суд го прогласи норвешкиот граѓанин Фроде Берг за виновен за шпионажа против Русија, осудувајќи го на 14 години затвор со максимална безбедност, објави дописникот на ТАСС.

„Судот смета дека обвинетиот Фроде Берг е виновен за сторено кривично дело според членот 276 од Рускиот кривичен суд (шпионажа) и го осудува на 14 години затвор со максимална безбедност”, рече судијата Андреј Суворов.

Судот го објави само воведниот и одлучувачки дел од пресудата. Судската постапка по предметот се одржа зад затворени врати бидејќи случајот содржи тајни досиеја.

Треба да знаете
Последни објави