Search

Москва признава: Можни се санкции поради Навални

Русија ја признава можноста Вашингтон да воведе санкции против Москва поради ситуацијата со Алексеј Навални.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави за новинарите денес.

„Санкциите се сосема можни. Но, тоа не е причина да се промени нешто во нашиот пристап, кој е апсолутно логичен и објаснив”, истакна Рјабков, пренесе ТАСС.

Според него, санкциите станаа доминантен инструмент на надворешната политика на САД.

Треба да знаете
Последни објави