Search

Моравјецки: Мора да престанат протестите за правото на абортус 

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки денеска изјави дека „мора да бидат запрени” масовните протести за правото на жената на абортус.

– Луѓето кои излегуваат на улици го занемаруваат огромниот ризик од ширење на коронавирусот, истакна Моравјецки.

Во Полска изминатите пет дена протестираат активистите за женски права поради заострување на строгиот закон за абортус.

Полскиот Врховен суд минатата недела одлучи дека е неуставно да се прекине бременоста поради вродени оштетувања на фетусот, а со пресудата стриктно се забранува речиси сите абортуси во Полска.

Одлуката на судот се уште не стапи во сила, бидејќи се уште не е официјално објавена.

Невладината организација Федерација на жени и планирање на семејството соопшти дека годишно во Полска се извршуваатод од 100.000 до 150.000 абортуси,од кои некои илегално, а некои во странство.

Треба да знаете
Последни објави