Search

„Монструм“: Османи откако добил писмо од семејството на обвинетиот Незири се сретнал со нив

Вицепремиерот Бујар Османи од ДУИ денеска на рочиштето за „Монструм“, сведочеше дека се
сретнал со семејството на Хаки Азири кој беше заштитен сведок, а сега е обвинет во постапката.

Тој пред судот рече дека бил во посета на обвинет од овој предмет, а како причина за тоа го наведе писмото испратено од семејството на Хаки Азири, кое побарало од него да каже каде им е синот.

-По настанот и акцијата имаше свикано претседателство во партијата. Таму се разговараше и се донесоа одредени ставови, кои јас требаше да ги пренесам во јавноста. Во интервју на национална телевизија, требаше да го кажам ставовите. Истиот ден или наредниот, на национална телевизија додека бев во операциона сала, имаше писмо на еден од обвинетите, Хаки Азири, во кое стоеше ‘Нека каже Бујар Османи каде е мојот син?’. Ми беше важно да кажам дека не знам каде е.
Преку луѓе кои се соседи, побарав да се сретнам со нив за да им ги пренесам ставовите. Имавме состанок, бев пријателски примен. Ова беше единствен контакт со семејствата на обвинетите, рече Османи на судењето.

Треба да знаете
Последни објави