Search

Момче со “форд“ усмртило пешак кај Облешево

На 08.12.2019 во 22.20 часот на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во с.Облешево, патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(23) од с.Стар Караорман, удрило во пешакот Т.Ј.(56) од Штип.

Во незгодата Т.Ј. починал, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави