Search

Момче од Скопје загина во фабрика во Куманово

Млад скопјанец загин на своето работно место, вчера во Куманово, информираше МВР.

-На 16.09.2020 во 14.30 часот било пријавено дека во производствен погон во фабрика  во Куманово, А.Д.(22) од Скопје, додека извршувал работни задачи, паднал и од здобиените повреди починал на местото, велат од МВР.

Од страна на лекар била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави