Search

Молња уби 33 луѓе во Индија

Во невремето што ја погоди северна Индија,  од удар на  молња загинаа 33 лица, повредени се  13 лица и  урнати се 20 куќи , изјавија официјални лица.

Регионот го погодија обилни дождови и молњи додека земјоделците работеа на поле, објави АП.

Седум лица загинаа додека работеле во полето со ориз, вклучувајќи и една жена и дете.

Официјалните лица објавија дека семејствата на настраданите ќе добијат надомест од околу 6.000 долари.

Треба да знаете
Последни објави