Search

Можно е укинување на рестрикциите за патување помеѓу Велика Британија и други земји на крајот од месецот

Патните правци помеѓу Велика Британија и некои други држави без рестрикции повторно ќе бидат отворени на 29 јуни, соопшти британската група „Кваш карантин” (Quash Quarantine), која ги застапува интересите на туристичкиот сектор во земјата.

Групата, што ги претставува 500 туристички агенции и угостителски компании, во денешното соопштение истакна дека продолжува да ги истражува опциите за правно дејствување и да се приклучи на иницијативата предводена од компанијата „Бритиш ервејз” (British airways), која се спротивставува на правилата на Владата за двонеделен карантин или да покрене сопствена кампања.

Портпаролот на „Кваш карантин” Пол Чарлс истакна дека сака 29 јуни да биде потврден како датум од кога ќе може без рестрикции да се патува помеѓу Велика Британија и другите земји.

Треба да знаете
Последни објави