Search

Можни прекини во сообраќајот на патниот правец Радовиш-Штип

Сообраќајот на патиштата се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Компанијата СТРАБАГ АГ со своите подизведувачи денеска во периодот од 8 до 14 часот ќе врши минирање на патниот правец Радовиш – Штип, или конкретно околу место викано Пилав Тепе.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Треба да знаете
Последни објави