Search

Може ли концептот за намалување на штети да придонесе за намалување на бројот на пушачи?

Во пресрет на Деветтата конференција на потписниците на Рамковната конвенција на Светската здравствена организација за контрола на тутунот (COP 9), на онлајн веб-семинарот „FCTC COP9: Како да се постигне концептот за намалување на штети“, учесниците зборуваа за мерките што може да се преземат да се прифати концептот за намалување на штетата од тутунот ширум светот.

– Моето верување е дека на некој начин се води војна против никотинот, која доаѓа од различни институции – рече Хари Шапиро, водечки британски автор на тема глобален концепт за намалување на штети. Тој додава дека Светската здравствена организација ја препознава важноста на концептот за намалување на штети кога станува збор за лекување на одредени форми на зависност или спречување на ширење на ХИВ, но, како што вели, се чини дека овој концепт „не се гледа како начин за контрола на тутунот “.

– Најважната работа во концептот на намалување на штети, кога станува збор за пушење цигари, е можноста што ја дава овој концепт, и тоа е можност што може да им помогне на пушачите да престанат да пушат – вели Шапиро и додава дека ако е потребна поддршка во борбата за заштита на јавното здравје, тогаш технологијата, потрошувачите и јавниот сектор би можеле да направат нешто во врска со тоа.

Шапиро посочува дека сите производи што претставуваат алтернатива на пушењето цигари направија промена на пазарот, како и дека сите производи со никотин кои не горат тутун „му дадоа на СЗО шанса да се оддалечи од претходната политика која не даде успех“.

„Мислам дека ни требаат регулативи кои јасно ги одделуваат производите што горат од оние што не горат тутун“, заклучи Шапиро, нагласувајќи дека постојните закони веќе немаат смисла.

Питер Бекет, консултант и експерт за регулатива на Европската унија, потсети дека сите европски земји се потписнички на Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC), која има за цел да воспостави стандарди во оваа област.

„Контролата на тутунот исто така вклучува стратегии за намалување на штети, што значи дека стратегијата треба да се искористи за да се намали штетната изложеност на чад од тутун“, рече Бекет.

Светската здравствена организација во 2005 година ја разви Рамковната конвенција за контрола на тутун со цел да испорача насоки на локалните регулативи во врска со употребата на тутун. Оттогаш, претставниците се состануваат на секои две години за да разговараат за начините на кои FCTC или неговата имплементација можат да се подобрат. Овој состанок се нарекува Конференција на потписниците на Рамковната конвенција за контрола на тутунот (COP – Conference of Parties) и треба по деветти пат да се одржи во ноември 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави