Search

Могерини побара слободни избори во Венецуела

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, побара од Венецуела да одржи слободни и транспарентни претседателски избори што ќе доведат до влада која навистина ја одразува волјата на нејзините граѓани.

„Поради немањето најави за организирање на избори, во наредните денови ЕУ ќе преземе понатамошни чекори, вклучувајќи го и признавањето на раководството на земјата во согласност со член 233 од Уставот на Венецуела“, наведе Могерини во соопштение, чија содржина ја пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави