Search

МНР организираше репатријација на 63 македонски граѓани од Црна Гора

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека во соработка со МНР на Црна Гора и Косово, утрово (вторник, 24 март 2020 г.) организираше враќање на 63 македонски граѓани во својата земја,  со еден автобус и 19 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

Истовремено, со автобусот на пат кон Црна Гора, овозможивме 15 црногорски граѓани да се вратат во нивната земја. Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон црногорските и косовските власти за соработката, непречениот транзит и солидарноста.

Треба да знаете
Последни објави