Search

МНР Никола Димитров во работна посета на Париз

На последниот ден од работната посета на Париз, министерот за надворешни работи Никола Димитров, имаше обраќање во Фондацијата Роберт Шуман на тема „Европската перспектива на Македонија по Договорот со Грција” по кое следеше дискусија со поканетите гости, претставници од дипломатскиот кор, политичката и медиумската сфера на Франција.

Димитров се осврна на вложената енергија изминатата година и половина на планот на решавање на отвореното прашање со Грција, на деликатноста на процесот, но и на оптимизмот и вербата дека истиот успешно ќе се финализира. Во тој контекст Министерот кажа: „И покрај многуте предизвици и противења, уверен сум дека после пет години ќе се прашуваме зошто ова не било направено уште на почетокот на деведесетите. Исто сум уверен дека токму Балканот овој пат ќе покаже дека чудата се можни.” Во однос на процесот на проширување, МНР Димитров посочи дека е од исклучителна важност ценење на постигнатото низ меритократски принципи, и следната година и формално да се отвори патот на Македонија за пристапување, бидејќи, како што истакна тој.

Крајно време е Регионот да почне да се натпреварува на планот на реформи, наместо на планот на историја. И за самата ЕУ, европеизацијата на Балканот е позитивна работа. Потребна е само визија и храброст за донесување големи одлуки со долгорочни придобивки.”

Во Националното Собрание на Француската Република, министерот Никола Димитров оствари средби со претседателката на Комисијата за надворешни работи Мариел де Сарнез и со пратениците Бернар Сор, Лилиана Танги, Фредерик Ле Пети, Седрик Вилани и Жан-Франсуа Елиау. На средбите стана збор за европската перспектива на Република Македонија и за спроведувањето на неопходните реформски приоритети со цел почеток на пристапни преговори со Европската унија, како и за значењето на поддршката на Франција во тој поглед. Притоа беше заклучено дека европеизацијата на Балканот и консолидацијата на ЕУ се комплементарни процеси.

Треба да знаете
Последни објави