Search

МНР ги достави вербалните ноти до ОН за настанатите промени со името

Министерството за надворешни работи ги достави вербалните ноти до Обединетите нации (ОН) со кои информира за настанатите промени со името на земјава.

-Република Северна Македонија согласно обврските од Конечната спогодба ги достави трите вербални ноти: Вербална нота од Постојаната мисија до Протоколот на ОН, Вербална нота од Постојаната мисија до земјите членки и земјите набљудувачи на ОН и Вербална нота од Министерството за надворешни работи до сите меѓународни, мултилатерални и регионални организации, со кои се информира за настанатите промени, информира Министереството за надворешни работи.

Треба да знаете
Последни објави