Search

„Многуте светци на Њуарк“, претходник на „Сопранови“, импресионира многу критичари

Долгометражниот филм претходник на серијата „Сопранови“ импресионираше многу критичари – иако некои се сомневаат колку тој додава на култниот ТВ-оригинал.

Крими-драмата The Many Saints of Newark („Многуте светци на Њуарк“) го истражува раниот живот на мафијашот Тони Сопрано, кого во серијата го глумеше Џејмс Гандолфини.

Синот на Гандолфини од реалниот живот, Мајкл, го глуми младиот Тони, а еден рецензент рече дека станува збор за прекрасна изведба.

Постариот Гандолфини, кој почина во 2013 година на 51-годишна возраст, го глумеше мафијашкиот бос Тони во шест сезони на крими сагата поставена во Њу Џерси, а траеше од 1999 до 2007 година.

Филмот, кој излезе во киносалите во Велика Британија во средата, го прикажува тинејџерот Тони под влијание на искусниот криминалец Дики Молтисанти за време на расните немири во Њуарк во 1960-тите.

Тим Роби од „Телеграф“ ја пофали „уверливата амбивалентност“ која Алесандро Нивола му ја носи на Молтисанти, чие презиме на англиски значи многу светци.

Робиевата рецензија со четири sвезди го опиша филмот како „богат имагинативен скок во пред-историјата на култната серија, и редок пример на успешно направена приказна за големиот екран исто како и таа на малиот екран“.

Филмот, исто така, доби четири од можни пет sвезди од „Индипендент“, чија критичарка Кларис Логри го нарече „жесток и брилијантен“. И таа го поздрави Нивола за „жестоката величественост“ на неговиот приказ на „човек кој се бори со сопствената монструозност“.

Филмот доби позитивни рецензии и од многу други критичари, кои напишаа дека е блескав, мрачно смешен и длабоко човечки.

Треба да знаете
Последни објави