Search

Мицотакис попладнево ќе го соопшти владиниот план за туризмот

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во 18 часот по локално време ќе го соопшти владиниот план за туризмот и економијата, а веднаш потоа, надлежните министри ќе ги објаснат деталите, јави дописничката на МИА од Атина.

По телевизиската порака на Мицотакис, министрите за финансии, развој и инвестиции, за труд и социјални работи и за туризам ќе ги презентираат сите аспекти на планот.

Според грчките медиуми, освен правилата и протоколите за патување, се очекува грчкиот премиер да соопшти и намалување на ДДВ-то во угостителските услуги, како и на хотелското сместување.

„Катимерини” вчера објави дека за туристите нема да биде потребен ниту тест, ниту карантина за патувањето во Грција.

Треба да знаете
Последни објави