Search

Мицкоски: Ќе го вратиме рамниот данок и ќе ја намалиме акцизата на горива-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше гостин на емисија „Отворено на Алфа“ каде што истакна дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт прво што ќе стори е враќање на рамниот данок и веднаш ќе се намали акцизата на горивата.

-Изминатиот период веднаш после претседателските избори размислував, и имав консултации со голем број луѓе од различни области меѓу кои се разбира приоритет беше бизнис заедницата, бизнисмени, претприемачи кои што долги години опстојуваат во бизнис секторот во Република Македонија. Заклучокот од тие консултации дека рамниот данок беше навистина одлично решение. И ние кажавме дека веднаш по формирањето на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ една од првите одлуки ќе биде враќање на рамниот данок, посочи Мицкоски.

Тој додаде дека не е само тоа решение туку и друга одлука на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде и намалување на акцизата на горивата.

Лидерот на опозоцијата истакна дека дека ако се продолжи со оваа политика на бркање на странските инвеститори, сите странски инвеститори ќе ја заобиколат Македонија и она што е пострашно голем број на македонски компании ја напуштаат веќе Македонија и одат во соседството, а тој тренд ќе продолжи.

За 2018 тата се уште полоши затоа што бројката на реализирани капитални инвестиции е 65,5 проценти е веднаш после ребалансот каде практично една четвртина од планираната вкупна сума беше стратена, што значи дека историски најкатастрофално сме поминале, објасни Мицкоски. Тој вели дека проектниот менаџмент, односно неспособноста на оваа влада на СДСМ и ДУИ доаѓа до израз и се повеќе и повеќе ќе каскаме во тој дел во реализиацијата на инвестиции, а за нови инвестиции не сме ни слушнале.

– Пред бројките велат и боговите молчат, оваа година го видовме вистинскиот капацитет на ДСИ во првиот квартал, а тоа дваесетина милиони евра, скромна срамежлива бројка која што е убедливо најниска во регионот, вели Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави