Search

Мицкоски ја напушти лидерската

Мицкоски ја напушти лидерската

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја напушти лидерската. По час и половина излезе од средбата, со повик до премиерот Заев најдоцна до понеделник да свика нова средба во формат како досегашниот, со лидерите на најголемите македонски партии и најголемите партии на Албанците во Македонија. Не остапуваат од барањата за техничка влада, за Закон  за финасирање на партиите и Закон  за Влада.

Бара гаранции за фер избори, кога тие и да се одржат. ВМРО-ДПМНЕ со ова не условува, тоа е погрешна теза, бидејќи барањата се од пред неколку месеци, потенцираше Мицкоски. На средбата искажал сериозен револт од како што вели, девијантното однесување на пратениците од СДСМ за изборниот законик, што вчера предложија да биде изменет со цел да се намали потребното мнозинство за формирање на ДИК.

Треба да знаете
Последни објави