Search

Мицкоски: “Херојски” криминалната влада го намали индустриското производство за 5.3 %

Нов пад на индустриското производство! Во Октомври 2022 година споредено со Октомври 2021 година, индустриското производство во Македонија се намалило за 5,3%. Неспособната и криминална влада, “херојски” со своите политики го намалила производството во секторот рударство и вадење на камен за цели 13,2%, намалувањето во преработувачката индустрија е 4%, а снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 9,2%.
 
Додека владата го намалува индустриското производство, економијата паѓа, истата влада “херојски” си договара тендери во четири очи за авансно да добијат провизии. Одговорност ќе има!!!
Треба да знаете
Последни објави