Search

Мицкоски: Тоа што сум го кажал за македонецот Гоце Делчев ниту милиметар не се повлекувам

Од тоа што сум го кажал за македонецот Гоце Делчев, но и за останатите историски ликови, дека тие се наши и дека нема да се преговара за нив, не отстапувам ниту милиметар, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој учествуваше на дебата на Македонската радио телевизија со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Јас во мојот живот се трудам да имам константа кога станува збор за чест или збор. Така ќе биде и овој пат и тука да немате дилема. И тоа што сум го кажал за македонецот Гоце Делчев ниту милиметар нема да се поместам од тоа што сум го кажал и не само за него, туку и за останатите ликови на кои што оваа држава се темели. Оваа држава има свои јунаци во историјата, врз основа на кои што постои. Ние не можеме да кажеме тие јунаци не се Македонци. Тоа не треба никој, ама баш никој да нема дилема дека ние ќе преговараме дека Гоце не бил ништо друго освен Македонец, истакна Мицкоски.

Во однос на комисијата која преговара со соседна Бугарија за историјата и историските ликови, Мицкоски посочи дека таа постои благодарение на Зоран Заев кој го потпишал договорот за добрососедство.

Тој додаде дека околу 95% од тој договор го испреговарала претходната Влада која беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ при што потенцираше дека ние со соседна Бугарија треба да разговараме и соработуваме во делот на културата, образованието, економија, енергетиката.

Никој не спори за тоа дека ние треба да разговараме и дека треба да соработуваме во делот на културата, во делот на образованието, во делот на економијата, енергетиката. Во делот на енергетиката, кога станува збор за пристапот до природен гас, ние имаме само еден гас кој што влегува од нашиот источен сосед, Бугарија, посочи Мицкоски.

Тој потенцираше дека се што се темели на взаемна почит, мислејќи на релациите со Република Бугарија, ќе го поддржиме. Ако некој бара од мене, додаде Мицкоски, да биде почитуван логично е дека треба да даде почит и во обратна насока затоа што тоа е двонасочна улица.

Треба да знаете
Последни објави