Search

Мицкоски со барања: Опозициски јавен обвинител

Мицкоски со барања: Опозициски јавен обвинител

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Алфа изјави дека имат две барања- смена на државниот јавен обвинител со нов опозициски и формирање на собраниска анкетна комисија за референдумот.

– Менување на државниот јавен обвинител и назначување на нов, предложен од опозицијата за да ги испита сите нерегуларности на референдумот, но и на целото владеење на СДСМ во изминатава година ипол. Ќе предложам на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да предложи формирање на анкетна комисија во Собранието, која ќе се позанимава со целокупниот процес на референдумско изјаснување, ќе го разгледа од моментот на организирање на кампања, колку средства, за што се трошени, колку чинела секунда во поедини медиуми, па се до бруталното полнење – рече Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави